Дома Фудбал Финалето во ЛШ во Лондон или Лисабон?

Финалето во ЛШ во Лондон или Лисабон?

Според последните информации УЕФА донела одлука да го премести финалето од Лигата на шампионите и тоа сигурно нема да се игра во Инстанбул.

Познатиот новинар Николо Шира објави дека УЕФА финалето ќе го пресели во Лондон или Лисабон. Конечната одлука би требало да биде објавена денес или најдоцна утре.

ФА на Англија претходно започна преговори за преместување на финалето, а се споменуваше и „Вембли“ како можна опција. Наводно, УЕФА како компезација е спремна на Турција да и понуди организација на финалето во ЛШ во сезоната 2022/2023 кое е предвидено да се игра во Минхен.

Овогодинешното финале во најелитното европско натпреварување ќе се игра на 29. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…