Дома Трансфер зона „Фиат“ му помогна на Јувентус да го доведе Роналдо, може ли „Пирели“ истото да го направи со Меси во Интер?

„Фиат“ му помогна на Јувентус да го доведе Роналдо, може ли „Пирели“ истото да го направи со Меси во Интер?

Се повеќе се шпекулира дека Лионел Меси сериозно размислува да ја напушти Барселона откако влезе во последната година од договорот со Каталонците.

Наводно, Меси се двоуми дали воопшто да го продолжи договорот и затоа голем број медиуми пишуваат дека неговото заминување од „Ноу Камп“ не може да се исклучи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега одново срамежливо се појавуваат гласини дека Интер може да направи обид да го доведе Меси порано или подоцна. Сепак, на „нероаѕурите“ за таква операција ќе им бидат потребни многу пари, пред се поради неговите примања.

Кога Јувентус во 2018 година го доведе Роналдо од Реал голема улога одигра „Фиат“, спознор и компанија во сопственост на семејството Ањели.

Се поставува прашањето и дали евентуалниот трансфер на Меси во Интер може да биде помогнат од „Пирели“. Извршниот директор на оваа компанија, Трокети Провера порача дека може да помогне, но напомена дека поголем напор мора да направи првиот човек на Интер Стивен Жанг.

„Искрено во вакво време, не сме во можност во спортот да вложиме повеќе отколку она што го правиме во моментот, со Формула 1, Интер и другите проекти. Мораме да го прашаме Стивен Жанг тој да направи поголеми напори, ние можеме да помогнеме, меѓутоа како што кажав не премногу“, објасни Провера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…