Шпанскиот напаѓач, Фернандо Торес пронајде нов клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако пред неколку дена се шпрекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Австралија, популарниот Ел Нино сепак заврши во Јапонија, како што и се пишуваше на почетокот на трансфер периодот.
Тој потпиша договор со јапонската екипа Саган Тосу и на тој начин отиде по стапките на големите ѕвезди како што се Лукас Подолски и Андрес Иниеста кои исто така Европа ја заменија со Јапонија.
Потсетуваме, Торес пристигна во Јапонија како слободен играч откако што му истече договорот со Атлетико Мадрид, а пред Јорганџиите меѓу останатите играше за Милан, Челзи и Ливерпул.