Дома Фудбал Останато Фернандо Торес започнува нова кариера

Фернандо Торес започнува нова кариера

Фернандо Торес неодамна се повлече од активното играње фудбал и тоа е повод за да се погодува што ќе прави иднина популарниот „Ел Нињо“.

„Радио Кадена Сер“ пишува дека знае што прославениот шпански репрезентавиец ќе прави во иднина. Нема да се врати во Атлетико Мадрид како што многумина фанови на овој клуб посакуваат, тоа нема да се случи барем додека е Чоло Симеоне на клупата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога објави дека се повлекува од фудбалот, Жил Мартин му го понуди местото амбасадор на „јорганџиите“, но Торес смета дека може многу повеќе да даде на фудбалот отколку да седи во ложата. Затоа тој ќе започне да се усовршува во сите аспкети и ќе запише курс за добивање тренерска лиценца.

Едно е сигурно – нема да го видиме во Атлетико додека е Чоло таму и затоа тој својата тренерска кариера ќе ја започне како помошник во јапонскиот Саган Тосу каде што ја заврши играчката кариера. Додека учи за тренер ќе биде и амбасадор на Примера заедно со Икер Касиљас и Андрес Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…