Дома Фудбал Англија Фернандеш: Плачев кога ме побара Манчестер Јунајтед

Фернандеш: Плачев кога ме побара Манчестер Јунајтед

Oткако дојде во Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш покажа дека ќе биде големо засилување за оваа екипа.

Тој откри дека бил многу емоционален после потписот со Манчестер Јунајтед бидејќи тоа било исполнување на неговиот сон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Морам да признаам дека бев исплашен. Но, тоа беше исполнување на сонот. За мене играњето тука е најголемиот можен врв во мојата кариера. Кога дознав дека Манчестер Јунајтед ме бара ја побарав сопругата, братот, сестрата, мајката и почнав да плачам“.

„Тие солзи беа од среќа. Се борев да дојдам тука. Го следев својот сон и шансата ја зграбив со двете раце. Моето семејство го знаеше мојот сон и јас го исполнив“, изјави Фернандеш.

Останува да видиме каква ќе биде неговата авантура во Манчестер Јунајтед, но ако денот по утрото се познава тој ќе биде големо засилување.

Тука можете да ја видите неговата најнова масторија на еден од тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…