Манчестер Јунајтед изгуби во минатото коло од Премиер лигата против Астон Вила на „Олд Трафорд“ (0:1).
Во судиското продолжение „црвените ѓаволи“ имаа пенал, а иако Роналдо беше на теренот одговорноста ја презема Бруно Фернандеш. Португалецот шутна силнои над голот. Но и покрај тој лошо изведен пенал, Солскјер се уште има доверба во Бруно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Шефот пред секој натпревар го одредува изведувачот на пенали, тоа не е одлука која се носи претходно. Пред Виљареал повторно ме повика и ми кажа дека јас ќе бидам изведувачот“, изјави Фернандеш за „БТ Спорт“ после натпреварот.
Во кариерата Бруно Фернандеш е на 90% успешност во изведувањето на пенли (38 реализирани од 42 обиди). Роналдо со 111 голови од 139 обиди е на 80% успешност. За викендот Јунајтед ќе игра против Евертон во сабота од 13:30 часот.