Дома Фудбал Англија Фердинанд: Ферги ни кажа – додавајте му на Ван Перси тој ќе ви ја донесе титулата и тоа се случи

Фердинанд: Ферги ни кажа – додавајте му на Ван Перси тој ќе ви ја донесе титулата и тоа се случи

Со заминувањето на Фергусон дојде тежок период за Манчестер Јунајтед во кој „црвените ѓаволи“ не се сигурен учесник во Лигата на шампионите, а за борба за титулата во Премиер лигата да не зборуваме.

Денес Оле Гунар Солскјер има големи проблеми на клупата. Ветеранот Рио Фердиннанд се потсети како тоа изгледало во времето на легендарниот Ферги, во походот кон 20. титула шампион на Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се сеќавам дека беше остар кон Керик, Сколс, мене и некои останати. Ни кажа дека Ван Перси ќе ни ја донесе титулата ако му ја додаваме топката. Дури ни се закани дека оној кој нема да го прави тоа повеќе нема да игра“, раскажа Ферги.

Потоа следуваше хет-трик на Ван Перси против Астон Вила и неговиот незаборавен волеј.

„Руни испрати долга топка кон Робин кој постигна прекрасен гол со волеј. Ја освоивме Премир лигата поради тој гол. Да не беа зборовите на Фергусон веројатно Руни ќе тргнеше кон голот и тој погодок немаше да го видиме. Меѓутоа, на Вејн во глава му беа зборовите на Алекс“, заклучи поранешниот стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…