Дома Фудбал Останато Фердинанд до Пике: Покрај мене и Видиќ знаеше дека нема да имаш шанса во Јунајтед…

Фердинанд до Пике: Покрај мене и Видиќ знаеше дека нема да имаш шанса во Јунајтед…

Викендов Жерар Пике го одигра последниот натпревар во кариерата, многумина изненади најавата на шпанскиот фудбалер од пред неколку дена кога објави дека ќе се пензионира.

Пораки до Пике пристигнуваа од сите страни, а се огласи и поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд. На почетокот на кариерата Пике беше дел од Манчестер Јунајтед, но тогаш во дефанзивата на „Олд Трафорд“ покрај Фердинанд играше Немања Видиќ, па за Пике немаше место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Жерард, мој човеку, каква кариера! Многумина не знаат, но јас одиграв една од клучните улоги за да станеш голем играч. Фактот што јас и Немања игравме во Јунајтед значеше дека никогаш ќе немаш шанса…. па така мораше да си одиш во Барселона!!!

– Тоа беше мојот дел кога те катапултирав кон велчиственоста!!! Да бидам искрен, кога замина во Барселона, не верував дека можеше да имаш ваква луда кариера, со галерија од трофеии на клупски и репрезентативен план. Една работа која мораше да ја направиш кога си замина беше да созрееш, а ти го направи тоа многу брзо со интелигенција“, стои во дел од пораката која ја испрати легендарниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…