ПСЖ вчера славеше во дербито против Манчестер Сити со 2:0 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Во овој натпревар Лео Меси го постигна својот прв гол во дресот на „светците“. Покрај голот што постигна Меси се најде во центарот на вниманието и поради ситуацијата при еден слободен удар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси легна позади живиот ѕид со цел да спречи изненадување, а за Рио Фердинанд тоа е непочитување кон Аргентинецот.
„Некој требало да го спречи Меси да го прави. Не смееше да му се случи. Тоа е непочитување кон еден таков играч. Ако јас бев на теренот во таква ситуација ќе му кажаев тој да стане јас да легнам“, изјави Фердинанд.