Дома Фудбал Англија Фергусон се врати во Манчестер Јунајтед со нова улога

Фергусон се врати во Манчестер Јунајтед со нова улога

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон се врати во редовите на „црвените ѓаволи“ со нова улога.

Извршниот директор на клубот Ричард Арнолд формираше посебно советничко тело и во него покрај Фергусон ќе бидат вклучен Брајан Робсон и поранешниот генерален директор Дејвид Гил.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Фергусон и Гил останаа во бордот директор по заминувањето од клубот во 2013, но тоа беше само симболична позиција затоа што главните одлуки ги носеше директорот Ед Вудворд кој си замина.

Арнолд сака да го искористи големото искуство на Фергусон и Гил. Фергусон во Јунајтед помина 28 години и за тој период освои 38 трофеи, додека 64-годишниот Гил како извршен директор помина 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …