Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон откри приказна за тоа како се обидувал да го доведе легендарниот Паоло Малдини.
Манчестер Јунајтед како и поголем број клубови во еден момент бил заинтересиран да го доведе во своите редови еден од најдобрите стопери на сите времиња, Италијанецот Малдини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Малдини настапуваше за Милан, а Фергусон бил во контакт со управата на „росонерите“. Меѓутоа преговорите ги прекинал таткото на Малдини, Чезаре.
Постариот Малдини на Фергусон јасно му порачал дека неговиот син не е на продажба.
„Мојот дедо е Милан, мојот татко е Милан, јас сум Милан и мојот син е Милан. Заборави“, јасен бил тогаш Чезаре.
Sir Alex Ferguson tells the story of the one time he tried to sign Paolo Maldini. He was shut down by Cesare Maldini:
“My grandfather is Milan, my father is Milan, I’m Milan and my son is Milan. Forget it”.
?⚫️ pic.twitter.com/YjrROT1ZX2
— TheMilanBible (@TheMilanBible) February 6, 2019