Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед обележа една блескава ера, долги години ги водеше „црвените ѓаволи“, а од неговото заминување клубот никако не успева да се врати на победничките патеки.
Меѓутоа англиските медиумо потсетуваат дека Фергусон немаше да остане долго во Јунајтед ако во јануари во 1990 година во мечот од ФА Купот на гости неговиот тим не славеше против Нотингем Форест. Отказот веќе му бил спремен, но голот на Марк Робинсон му даде шанса да игра во финалето во ФА Купот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пласманот на „Вембли“ и победничкиот гол на Лиј Мартин против Кристал во повторениот меч од финалето конечно му донесоа еден трофеј. Така Ферги си „купи“ време и започна да испишува историја.
Сега тој даде една интересна изјава на оваа тема.
„Ако во мое време имаше друштвени мрежи многу порано ќе бев избркан. Секогаш клубот треба да застане зад тренерот во кој верува“, порача Ферги.