Дома Останати Кошарка НБА Феникс ги прегази Лејкерси, Јанг блесна со 47 поени 🎥

Феникс ги прегази Лејкерси, Јанг блесна со 47 поени 🎥

Кошаркарите на Феникс забележаа убедлива победа против Лос Анџелес Лејкерс од 140:111 во дербито во НБА лигата.

На Лејкерси не им оди на гостински терен и за нив ова беше 10-тиот последователен пораз на гостински терен. Предводник на Санс беше Девин Букер со 30 поени и 10 асистенции. Зад него следуваше Деандре Итон со дабл-дабл од 23 поени и 16 скока. Мајкл Бриџис беше солиден со 18 поени.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во редовите на гостите најдобар беше Леброн Џејмс со 31 поен. Треба да се спомене и дека Леброн стана првиот играч во историјата на НБА кој во кариерата постигнал најмалку 30.000 поени, 10.000 скока и 10.000 асистецнии.

Филаделфија после продолженија славеше против Орландо со 116:114. Џоел Ембид беше најефикасниот кај победниците со 35 поени, 16 скока и седум асистенции.

Атланта ја совлада Индијана и така стигна до својата 13-та победа во последните 15 натпревари во НБА лигата. Повторно блескаво издание имаше Трае Јанг кој постигна 47 поени, посебно ефикасен беше во првиот кога постигна 44 поени, по 15 поени постигнаа Деандре Хантер и Данило Галинари.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Филаделфија 114:116 (п), Атланта – Индијана 131:128, Њу Орлеанс – Хјустон 130:105, Оклахома – Мемфис 118:125, Феникс – ЛA Лејкерс 140:111, Детроит – ЛА Клиперс 102:106, Бостон – Далас 92:95

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…