Роџер Федерер нема да игра на мастерс турнирот во Париз, Швајцарецот го откажа учеството и им се извини на фановите.
Федерер вчера ја освои десеттата титула на турнирот во Базел, а тоа беше негова четврта титула сезонава и вкупно 103-та во кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу сум разочаран што морам да се повлечам од Мастерсот во Париз, но морам да се поштедам себе затоа што сакам да играм што е можно подолго. Се извинувам на француските навивачи, кои ќе ги видам наредната година на Ролан Гарос“, порача Федерер.
Федерер се повлече од Мастерсот во Париз за да може да одмори и да се подготви за завршниот турнир во Лондон, каде покрај него место обезбедија и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Данил Медведев, Доминик Тим и Стефанос Циципас, додека последните два патници во Лондон ќе бидат познати по турнирот во Париз.