Роџер Федерер и Рафаел надал важат за едни од најголемите ривали на тениските терени, имаат многу меѓусебни дуели, но надвор од теренот тие се добри пријатели.
Секогаш било јасно дека помеѓу двајцата постои голема почит. Во овој момент двајцата се рехабилитираат од повреди и би требало да се вратат на терените на стартот на 2022 година. Додека се чека на враќањето Швајцарецот испрати комплименти за работата на Надал со неговата академија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Најважно е да имате доверба. Рафа е човек на кој му верувам, тој сигурно го сака најдоброто за неговите ученици. Се надевам дека еден ден ќе имам прилика да ги испратам моите деца во неговата академија“, изјави Федерер.