Дома Останати Федерер после маратонска драма се пласира во осминафинале! (видео)

Федерер после маратонска драма се пласира во осминафинале! (видео)

Роџер Федерер одигра маратонски меч во пет сета против Џон Милман и на крајот славеше со 3:2 за пласман во осминафиналето на Австралија Опен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Самиот почеток на дуелот навестуваше дека Федерер ќе има големи проблеми со Милман кој го освои првиот сет. Швајцарецот потоа возбрати со два освоени сета и кога се очекуваше дека лесно ќе победи, Милман го освои четвртиот сет so 6:4.

Во решавачкиот петти сет, и двајцата тенисери загубија по еден гем, па сетот замина во тај-брејк, а на крајот пресуди искуството на Швајцарецот кој не се предаде и после четири часа борба успеа да слави.

Во осминафиналето Швајцарецот ќе ги одмери силите со Фучович.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Мекинро ги откри причините зошто Ѓоковиќ може да го освои Ролан Гарос

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во недела ќе ја започне својата мисија …