Дома Останати Тенис Федерер не беше брилијантен, но победнички ја стартуваше сезоната на трева

Федерер не беше брилијантен, но победнички ја стартуваше сезоната на трева

federer

Роже Федерер победнички ја започна сезоната на трева.

Швајцарецот се врати со победа после паузата од скоро три месеци, но далеку од тоа дека беше убедлив.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Федерер на стартот на АТП турнирот во Штудгарт го елиминираше домашниот играч Миш Зверев со 2:1 во сетови (3:6, 6:4, 6:2), но имаше и многу осцилации во својата игра.

Тоа донекаде беше и очекувано бидејќи го немаше на теренот уште од турнирот во Мајами, а овој меч беше негов прв на трева од почетокот на сезоната. Изгледаше дека

Зверев може тоа да го искористи, првиот сет прилично лесно го реши во своја корист, но не успеа да го скрши отпорот на Швајцарецот.

Федерер успеа во игра да се врати во вториот сет и дојде до психолошка предност, што на крајот беше и клучно за прашањето на победникот.

Швајцарецот во ¼ финалето ќе игра помеѓу подобриот од Аргентинецот Пелје и Индиецот Ганесварна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…