Швајцарецот Роџер Федер е скромен како и секогаш.
Федерер порача дека неговиот голем спортски ривал Рафаел Надал го заслужува првото место на АТП листата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите тенисери во историјата на наредните два турнири, во Индијан Велс и Мајами ќе брани максимален број на бодови, но предност му претставува што Рафаел Надал поради повреда нема да може да настапи, барем не на Индијан Велс.
„Не би ми паднало тешко губењето на првото место бидејќи и Рафа заслужува да биде прв поради сето тоа што го направи. Разочаран сум што го нема. Ќе се потрудам да ја одбранам титулата. Постои мал притисок во таа смисла, но се навикнав да бранам поени, тоа го правам веќе 20 години. Не е ништо ново“, изјави Роџер.
Федерер на својот прв натпревар на турнирот ќе игра против Делбонис.