Еден од најдобрите тенисери во историјата Роџер Федерер, за многумина и најдобар откри интересни детали.
Имено, Швајцарецот го откри неговиот најдраг натпревар во кариерата. Ги има навистина премногу, а легендарниот тенисер го избра неговиот прв меч на централниот терен на „Вимболдон“ против Пит Сампрас.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Играњето пред полни трибини секако е многу поинтересно. Се сеќавам кога започнував кога бев млад. Мојот прв натпревар на централниот терен на Вимболдон беше против Пит Сампрас, тој меч секогаш ќе биде мојот омилен“, изјави Федерер.
Федерер беше запрашан и за според него неговиот најдобар меч.
„За најдобар го избирам оној против Лејтон Хјуит во финалето на УС Опен во 2004 година“, откри Швајцарецот.
Во својата кариера Федерер стигна до вкупна бројка од неверојатни 97 титули.