Дома Останати Тенис Федерер за односот на публиката со Ѓоковиќ: Излезете на улица и прашајте ги луѓето за тоа

Федерер за односот на публиката со Ѓоковиќ: Излезете на улица и прашајте ги луѓето за тоа

Mногумина беа разочарани од односот на публиката кон Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон. Српскиот тенисер играше против Роџер Федерер, миленикот на британската публика и рекордер на Вимблдон, се очекуваше атмосферата да биде вообичаена за тениски натпревар, меѓутоа тоа не беше случај.

Секој поен на Федерер беше испратен со големи овации, а гледачите ги славеа дури и двојните грешки на Новак. Малку се наликуваше на фудбалска атмосфера.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После мечот Ѓоковиќ призна дека му било тешко да игра во таква атмосфера, но дека бил психички спремен за нешто слично.

Неколку дена по финалето Федерер беше запрашан за односот на публиката кон Ѓоковиќ.

„Ќе добие ли Новак со оваа победа конечно почит каква што заслужува од публиката?“, гласеше прашањето кое му беше поставено.

„Треба да излезете на улица и луѓето да ги прашете за тоа“, одговори Федерер и додаде дека секоја победа помага во тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…