Довчерашниот прв тенисер, Роџер Федерер соопшти дека ниту оваа сезона нема да игра на „земја“.
Федерер во вчерашниот меч во второто коло на Мастерсот во Мајами беше поразен од Танаси Кокинакис, поради што ја изгуби и лидерската позиција на АТП листата. По натпреварот Швајцерцот потврди дека ниту оваа сезона нема да игра на земјена подлога.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Одлучив да не играм на турнирите на земја. Минатата недела не играв добро. Се обидувам да сфатам во што е проблемот, имам доволно време. Јас сум личност која размислува позитивно, секој меч е нова прилика. Разочаран сум што не успеав да пронајдам начин. Заслужив да го изгубам првото место, бев навистина лош“, изјави Федерер.
Швајцарецот така и втора година во низа ќе ја пропушти сезоната на земја, додека трет пат ќе го пропушти Ролан Гарос.
„Не се чуствував добро на теренот, движењето не ми беше баш најдобро. Почуствував дека имам шанса, но носев лоши одлуки, а тоа мојот противник знаеше да го искористи. Беше подобар од мене денес“, завршо Швајцарецот.