Дома Кошарка Фајнл-фор во Евролигата ќе се игра во Белград

Фајнл-фор во Евролигата ќе се игра во Белград

Белград ќе ја добие организацијата на завршниот турнир во Евролигата и така по четири години повторно ќе биде домаќин на фајнл-форот, пишуваат српските медиуми.

Утре делегација на Евролигата ќе пристигне во Белград, а во среда ќе биде потпишан договорот за организацијата на завршниот турнир.

Првично завршниот турнир требаше да се игра во Берлин. Германците се откажаа поради епидемиолошките мерки, бидејќи се уште важи правилото натпреварите во сала да се играа без публика.

Белград 2018 беше повеќе од успешен домаќин на фајнл-форот и има искуство во организирање големи настани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов удар за Реал: Кампацо повреден, нема рок за враќање

Мадриѓани останаа и без Факундо Кампацо пред дуелот со Панатинаикос. Ник Смит Јуниор доби …