Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Фантомско правило: Фонте можеше да слави – збунувачка е ситуацијата во која Македонија прими гол!

Фантомско правило: Фонте можеше да слави – збунувачка е ситуацијата во која Македонија прими гол!

fonte

На интерентот по натпреварот на Португалија се појави информација која беше пренесувана од скоро сите светски медиуми, дека играчите на Португалија го запреле нивниот соиграч Фонте да го прослави голот.

Проблем наводно настанал во праволото според кое може да се продолжи со игра ако сите противнички играчи освен голманот се надвор од теренот, па Португалците наводно додека се гушкааа надвор од теренот му сигнализираа на Фонте да остане на теренот со цел Шпанеците да не можат да тргнат од центарот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Слична ситуација се случи на натпреварот помеѓу Тунис и Англија кога Киеран Трипиер очигледно остана на теренот за Тунижаните да не изедначат.

Но, во правилата на ФИФА никаде не пишува дека противничкиот тим може да тргне од центарот ако сите играчи освен голманот се надвор од теренот. Всушнот, во правилата го пишува спротивното.

Како што можете да видите од осмото поглавје, играта после постигнат гол не може да се продолжи додека сите играчи не се внатре на својата полоцина. Зошто Португалците инсистираа Фонте да остане внатре во границите на теренот, не е познато.

Но, можеби ги збунила ситуација од натпреварот на нашата младинска селекција до 16 години и натпреварот против Гибралтар.

Имено, нашите младите фудбалери во тој натпревар постигнаа гол во завршницата за 1:0 и потоа сите тргнаа да го прослават покрај аут линиата како што може да се види на 1:31:38 во видеото. Но, нашиот противник гледајќи дека нашите фудбалери слават внатре во границите на теренот, ја изведоа топката од теренот и на празен гол ја погодија нашата мрежа за 1:1.

Голот беше признат и натпреварот заврши 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…