Сите водечки светски аналитичари целата сезона го анализираат Манчестер Сити на Пеп Гвардиола и откриваат како Шпанецот можеше тимот да го направи толку совршен.
Повеќе анализи се обидуваат да ја објаснат играта на Сити, но самиот Пеп Гвардиола конечно открива како неговиот тим функционира. Гвардиола гостуваше во една емисија на Скај Спорт со Гери Невил кој страшно го интересираше како е можно сите негови играчи речиси секогаш да се на вистинското место.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во фантастичното видео, Невил изведе една ситуација од играта на Сити во која најдобро се гледа моделот на неговата стратегија и тогаш се обиде да го добие одговорот од Гвардиола. Го праша кои се мотодите кои ги користи, а Гвардиола ја кажа вистината и ја реши целокупната дилема.
„Ние оваа сезона бевме шампиони поради квалитетот на играчите. Луѓето зборуваат, тие се шампиони бидејќи многу потрошија. И тоа е потполно точно. Многу вложивме, но повеќе нема“, започна Гвардиола.
Главната одлика на неговата игра и во Барселона и Баерн, како и Сити се кратките додавања, фамозната тика-така. Гвардиола своите крила секогаш ги праќаше далеку напред, а бековите ги играше на средината.
„Тоа е всушност многу едноставно. Ако сакате да играме вака како нас, а бековите постојано да ги држите на бочните позиции, нема шанси да ги исконтролирате контранападите. Никакви шанси. Ако играте вака како ние, згуснато во средината, тогаш веднаш можете полесно да ги поставите одбранбените играчи. Затоа играме кратки додавања. Кога се додаваш, на неколку метри, помала е шансата да се загуби топката и поголема е да се врати брзо во транзиција. Ако постојано играш на топка на неколку десеттина метри одалеченост, шансата за грешка е далеку поголема“, објасни Пеп.
Pep Guardiola discusses Manchester City's title-winning tactics with Gary Neville. ??Will his team be able to repeat their record-breaking achievements next season? ?
Gepostet von Football Daily am Mittwoch, 16. Mai 2018