Црвена Звезда вчера ги доби противниците за групната фаза во Лигата на шампионите.
Српскиот клуб кој е поранешен европски шампион (1991) ќе игра во тешка група со Наполи, Ливерпул и Пари Сен Жермен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белградскиот клуб беше казнет со играње пред празни трибини два натпревари, но денес УЕФА одлучи да им ја намали казната на еден натпревар.
Ѕвезда едниот натпревар, против Салцбург во плеј-офот веќе го одработи, па против Наполи сигурно ќе играат пред полни трибини.
Во замена за едниот натпревар Звезда ќе мора на УЕФА да и плати сума од 72.000 евра.