После пауза од неколку години на македонските канали ќе може да се гледа едно најдобрите европски првенства!
Имено, Телевизија 24 ги откупи правата за пренеос на натпреварите од германската Бундес лига и преносите ќе стартуваат веќе од викендот после репрезентативната пауза за натпреварите од новоформираната Лига на нации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова секако е фантастична вест за македонските фудбалски фанови кои досега кога се нашите канали во прашање можеа да уживаат само во фудбалската Лига на шампионите и тоа половично (само во среда).
Во германското првенство до овој момент се одиграни две кола после кои максимален учинок имаат екипоте на Херта, Баерн Минхен и Волфсбург.