Дома Фудбал Фановите со едногласна порака до Каталонската икона: Не смееш да зборуваш за демократија, додека те плаќаат диктатори (Фото и Видео)

Фановите со едногласна порака до Каталонската икона: Не смееш да зборуваш за демократија, додека те плаќаат диктатори (Фото и Видео)

Многу каталонски спортисти дадоа поддршка за демократијата. Пујол, Пике, Виктор Томас и Чави преку социјалните мрежи го поддржаа рефереднумот и демократијата, а со тоа им кажаа „Не“ на репресијата, тиранијата и насилството на шпанската влада кон Каталонците.

Особено интересна беше видео пораката на легендарниот Чави Ернандез, некогашната икона и капитен на Барселона, а денес играч на катарскиот Ал Саад.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Она што се случува денес во Каталонија е срамота. Неприфатливо е во демократска земја луѓето да не можат да гласаат“, истакна Чави во видеото кое е објавено на социјалните мрежи. Во својата порака, легендарниот фудбалер нуди поддршка, како што рече на „сите луѓе кои мирно се обидуваат да го остварат своето право на глас“.

Со изразот „Да живее Каталонија“, Чави ја заврши пораката која предизвика воодушевување во Каталонија, но и презир кај прошпанските настроени навивачи.

На Чави му го додаваат епитетот лицемер, бидејќи полна му е устата со демократија, а прима милиони од каталонските диктатори, чие владеење е се само не владеење на човековите права.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …