Раководството на Интер веќе сериозно размислува за заменик на Лучијано Спалети на крајот на сезоната, пренесувата италијанските медиуми.
После елиминацијата во групната фаза од ЛШ, сериозно се разниша столчето на Спалети, па „нероаѕурите“ веќе бараат замена, а на списокот се две имиња – Жозе Мурињо и Антонио Конте.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По се изгледа дека Жозе Мурињо на лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед после разочарувачката сезона. Интер сака да ја искористи таквата ситуација и да го врати „Специјалниот“ кој го постигна најголемиот успех во историјата на клубот.
Антонио Конте во моментов е без ангажман, но се уште е под договор со Челзи. Италијанецот на лето ќе биде слободен и е во одлични односи со новиот директор на Интер, Џузепе Марота.
Фановите и приврзаниците на Интер секако повеќе сакаат враќање на Жозе Мурињо, кој е идол кај „нероаѕурите“.
Inter millan convey interest in Mourinho. pic.twitter.com/CrXqeQNT3m
— Campus Sqoop (@CampusSqoop) December 16, 2018