Дома Трансфер зона Фалкао станува најплатениот играч во Турција на сите времиња?

Фалкао станува најплатениот играч во Турција на сите времиња?

Турскиот спортски канал „ТРТ Спорт“ пренесува дека Радамел Фалкао наскоро би можел да премине во Монако.

Клубот од Инстанбул и Фалкао наводно се договориле и Колумбиецот би станал најплатен играч на турската Супер лига на сите времиња. За да ги обезбеди услугите на 33 годишнот напаѓач, Галатасарај е спремна да му понуди седум милиони евра евра по сезона, а половина од таа сума на себе би ја превземале спонзорите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во случај на трансферот да се реализира, Фалкао би го соборил рекордот на Робин Ван Перси кој во Фенербахче годично заработуваше околу пет милиони евра.

Единствено што Колумбиецот го дели од трансфер во Турција е согласноста на Монако. Фалко со договорот за францускиот клуб е врзан до 2020 година и овој момент се водат преговори за висината на оштетата.

Турците наводно се надеваат дека „Ел Тигре“ би можел да го раскине договорот со клубот од Кнежеството и на Босфор да премине како слободен играч.
Фалкао на 39 натпревари во сите натпреварувања минатата сзона постигна 16 гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…