Дома Трансфер зона Фабрегас ги помина прегледите, Челзи го кочи трансферот!

Фабрегас ги помина прегледите, Челзи го кочи трансферот!

Трансферот на Цеск Фабрегас во Монако е стопиран, барем за сега, пренесуваат англиските медиуми.

Шпанскиот плејмејкер пристигна во „кнежевството“, ги помина лекарските прегледи и постигна договор за 3-годишна соработка, но Челзи го стопира трансферот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Сините“ сакаат прво да најдат замена за Фабрегас, и пред да донесат нов играч за врска нема да го пуштат да се пресели во Монако. Челзи преговара со Николо Барела од Каљари и Леандро Паредес од Зенит.

Сепак, дури и трансферот да не се реализира во зимскиот преоден рок, Фабрегас веќе има потпишано преддоговор и на лето ќе се пресели во Монако како слободен агент.

Фабрегас во моментов се наоѓа во Лондон и очекува позитивен исход во наредните денови, за да може и официјално да стане играч на Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…