Дома Фудбал Англија Фабрегас воодушевен: Ако станам тренер ќе бидам како Сари

Фабрегас воодушевен: Ако станам тренер ќе бидам како Сари

fabregas

Маурицио Сари со своето доаѓање во Челзи му даде сосема нова димензија на тимот, „сините“ започнаа да играат многу подобро и да победуваат.

Еден од фудбалерите кои после доаѓањето на Сари се чуствува многу подобро е Сеск Фабрегас. Шпанецот тврди дека многу му се допаѓа филозофијата на игра на Италијанецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со тимот сум околу две недели. Се чуствувам многу добро. Кај Сари го добив чуството кое мислев дека повеќе никогаш нема да го имам. Играме со топката повеќе од 100 пати, секој напад започнува од мене или Жоржињо. Учам. Начинот на кој Сари го гледа фудбалот е нешто кое ќе го правам доколку станам тренер, ќе се обидам со нешто слично. Ова што Сари го игра е она што јас го гледам во фудбалот“, изјави Фабрегас.

Неговиот договор истекува на крајот од сезоната.

„Би сакал да дојдеше тука порано…Многу сум отворен по тоа прашање. Клубот се уште ништо не ми кажал. Имам уште осум месеци и изгледа дека ќе заминам, но би сакал да останам“, завршил Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…