Дома Фудбал Италија Фабио Кваљарела вечерва може да се запише во историјата на италијанскиот фудбал

Фабио Кваљарела вечерва може да се запише во историјата на италијанскиот фудбал

kvaljarela

Ветеранот Фабио Кваљарела доживува втора младост и во италијанското првенство игра како препороден во дресот на Сампдорија.

Кваљарела оваа сезона засега е прв стрелец во италијанското првенство со 21 постигнат погодок, освен тоа што редовно ги тресе мрежите запиша и седум асистенции. Зад Кваљарела на листата стрелци се наоѓаат Роналдо од Јувентус и Пјонтек од Милан со по 19 погодоци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ваквата форма не помина незабележано и од страна на селекторот на Италија Роберто Манчини кој го врати во репрезентацијата.

Италија вечерва игра против аутсајдерот Лихтенштајн и медиумите во оваа земја го најавуваат Кваљарела помеѓу стартерите, а со самото се отвара можност да се запише во листата на стрелци. Доколку Кваљарела се израдува на погодок против Лихтенштајн ќе влезе во историјата на италијанскиот фудбал така што ќе стане најстариот италијански фудбалер кој постигнал гол во дресот на репрезентацијата.

Она што е симболично и посебно интересно е што натпреварот помеѓу Италија и Лихтенштајн се игра на „Енио Тардини“, токму тука Кваљарела го одигра последниот натпревар за Италија како стартер и тоа на 14-ти откомври во 2009 година.

Останува да видиме дали домот на Парма ќе биде среќен за Кваљарела да испише историја во италијанскиот фудбал.

Кваљарела на 31-ви јануари оваа година наполни 36 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…