Директорот на Тотенхем Фабио Паратичи е суспендиран на 30 месеци поради скандалот во Јувентус.
Како што е познато, финансиските малверзации влијаеше на нови казни против Јувентус, а понатамошната истрага доведе до нови одлуки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Една од нив е дека актуелниот директор на Тотенхем, а порано и на Јувентус, Фабио Паратичи нема да смее да ги извршува своите должности во следните две и пол години.
Тој автоматски ќе мора да поднесе оставка од лондонскиот клуб, а исто така ќе му биде забрането да работи и да комуницира со фудбалски агенти, да преговара со играчи и да биде присутен во какви било фудбалски работи.
Ова е голем удар за Тотенхем, кој остана без тренер и бара нов, со кој не смее да има грешки.
Даниел Леви сега ќе мора да бара нов директор и менаџер, а тимот се бори за четврто место и пласман во Лигата на шампионите…