Дома Трансфер зона Уште еден играч на ПСЖ јавно побара да замине

Уште еден играч на ПСЖ јавно побара да замине

Голманот на Пари Сент Жермен, Кевин Трап побара од раководството на клубот да биде ставен на трансфер листа во јануари.

Трап не сака да ја грее клупата и да го доведе во прашање својот статус во германската репрезентација. Поради тоа јавно побара да биде продаден.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Сакам да бранам често, а не да ги чекам куповите за да излезам на терен. Ако не можам да играм овде, нека ме продадат“, јасен беше Германецот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Трап би можел да оди во Реал на позајмица, Навас е повреден, а Касиља не е гаранција за голот на „кралевите“.

Сепак, многу поверојатно е дека Трап ќе се пресели во некој клуб од Премиер лигата или Бундес лигата, бидејќи Флорентино Перез сака следното лето да го ангажира Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…