Барселона ќе се откаже од уште еден фудбалер кој кариерата ќе ја продолжи во Англија.
За 35 милиони евра Барса го продаде Нелсон Семедо на Вулверхемптон, а сега уште еден играч на Каталонците блиску до преселба на Островот. Станува збор за Жан-Клер Тодибо, 20 годишниот дефанзивец кој се очекува да го засили Фулам.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според каталонскиот „Спорт“ преговорите се во напредна фаза и се би требало да биде завршено многу брзо. За неговите услуги Барселона ќе добие 18 милиони евра.
Тодибо на почетокот стави до знаење дека не сака да ја напушти Барселона, меѓутоа откако Куман му соопшти дека нема да биде во плановите за новата сезона младиот дефанзивец одлучи да ги разгледа понудите. Од Англија го посакуваше и Евертон, меѓутоа „карамелите“ брзо се откажаа.
Претходната сезона Тодибо ја помина на позајмица во Шалке.