Дома Фудбал Уште еден доказ дека Роналдо заврши со Манчестер Јунајтед

Уште еден доказ дека Роналдо заврши со Манчестер Јунајтед

Кристиано Роналдо очигледно го одигра последниот натпревар за Манчестер Jунајтед и ќе си бара нов клуб во јануари поради контроверзното интервју кое го имаше со Пирс Морган.

Манчестер Јунајтед ангажираше авокати за раскувањето на договорот со Португалецот, а последниот потег покажува дека тој веќе го одиграл последниот меч за „црвените ѓаволи“.

Имено, на аукција бил продаден дресот на Роналдо од последниот меч против Астон вила за 39.000 фунти, а среќникот кој го купил е еден Кинез.

Роналдо ќе игра за Португалија на Мундијалот во Катар, а по враќањето од Светското првенство ќе треба да си бара нов тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фоден со хет-трик го разби АЕК: Сити немилосрден и без Халанд!

Манчестер Сити го совлада АЕК со 5-1 за втора победа во Лигата на шампионите, а Фил Фоден …