Холанѓанецот, Луис Ван гал не може да му прости некои работи на својот наследник на клупата на Манчестер Јунајтед.
Во интервјуто кое го даде за „Билд“, Луис Ван Гал му замери на Мурињо на односот кој го имал Португалецот кон Бастијан Швајнштајгер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Секако дека годините го направија своето и дека неговото тело можеби не можело да издржи некои напори кои ги бара Премиер лигата, но Швајни не заслужи таков третман. Всушност мислам дека проблемот не беше неговата физичка спремност, туку психичката состојба во која дојде поради односот на Мурињо кон него“.
„Според мене тоа е голем срам за Мурињо бидејќи Швајнштајгер е тип на човек кој безрезервно му се дава на тимот. Во светот постојат малку такви фудбалери. Толку посветеност во својата кариера сум видел само кај Лам, Коку, Луис Енрике и Ван Бомел“, изјави Ван Гал.
Да потсетиме, Ван Гал е вториот учител на Жозе Мурињо. После заминувањето на Боби Робсон од Барселона, Португалецот остана на „Ноу Камп“ да го учи тренерскиот занает од Холанѓанецот.