Дома Останати Тенис УС Опен: Надал доби лесен ждреб, Медведев може со Циципас во полуфинале

УС Опен: Надал доби лесен ждреб, Медведев може со Циципас во полуфинале

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска објави дека нема да настапи на Ју-Ес опен затоа што не е вакциниран и не може да влезе во САД, а останатите учесници веќе добија ривали и проектирана шема за можните противници до финалето.

Втор носител на турнирот ќе биде Рафаел Надал, кој има најлесна ждрепка и нема да налета на ниту еден опасен противник, додека Данил Медведев го чека потежок пат и можна средба со Стефанос Циципас во полуфиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кај дамите во иста половина се Ига Швјонтек, која е прва на ВТА-листата, како и минатогодишната освојувачка Ема Радукану, која не е во најдобра форма.

Последниот гренслем-турнир во сезоната почнува на 29 август и ќе трае до 11 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…