Денес репрезентацијата на Македонија ја одигра првата контролка од двете закажани пред почетокот на Светското првенство.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Наш противник денес беше селекцијата на Словенија. Од почетокот гледавме мирна игра, ние бевме репрезентацијата која го имаше поголемиот посед, но не создадавме 100% шанси. И Словенците ги немаа, видовме само по некоја полушанса на двете страни.
Резултатот по првите 45 минути гласеше 0:0.
Слично започна и вториот дел. Така се играше се до 57. минута кога Езгјан Алиоски по една контра одлично го пронајде Елмас, а „дијамантот“ на прва го матираше гостинскиот голман. По тој гол, ние создадовме уште неколку добри прилики меѓутоа не ги искористивме. Најдобрата ја пропушти Трајковски после едно нафрлување од десната страна на Елмас.
— Stefan (@StefanDaskalov) June 1, 2021
Предност Македонија имаше се до последните моменти кога Словенија го изедначи резултатот.
Вториот контролен натпревар кој ќе биде и последен пред Европското првенство го играме во петок против Казахастан.