Дома Останати Усик го прифати условот на Фјруи: Веќе е познат и датумот за спектаклот!

Усик го прифати условот на Фјруи: Веќе е познат и датумот за спектаклот!

Се поблиску е борбата меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик за титулата апсолутен светски шампион во супертешка категорија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Украинецот, сопственик на појасите во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО, ја прифати понудата на Фјури да ги подели парите од борбата 70:30 отсто во корист на Британецот. Борбата најверојатно ќе се реализира на 29 април на „Вембли“.

„Ја прифаќам твојата понуда. 70:30 за теба за борбата на „Вембли“ на 29 април“, напиша Усик на Твитер.

Сепак, Украинецот имаше едно посебно барање.

„Сакам да ветиш дека веднаш по натпреварот ќе уплатиш еден милион фунти на Украина и дека за секој ден доцнење ќе плаќаш по еден процент од заработката на жителите на Украина. Се согласуваш?“, истакна Усик.

Пред тоа Фјури испрати порака во која кажа дека неговиот услов за борбата е Усик да прифати 30 проценти и тоа е „земи или остави“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…