Дома Фудбал Уругвај после 12 години добива нов селектор?

Уругвај после 12 години добива нов селектор?

Италијанските медиуми тврдат дека нема да потпише нов договор со уругвајскиот сојуз.

Фудбалската репрезентација на Уругвај денес со поразот од Франција од 2:0 беше елиминирана од Мундијалот во Русија. После овој пораз селекторското столче би можел да го напушти Оскар Табарес.

Медиумите во Италија наведуваат дека неговиот договор со ФС Уругвај има важност до 31 јули и дека искусниот стручњак нема да ја продолжи соработката, па така Уругвајците после 12 години ќе бараат нов селектор.

Под водство на Табрез Уругвај ја освои Копа Америка и стигнаа до полуфиналето на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка.

Овој стручњак има 71 година и веќе подолг период има здравствени проблеми, боледува од синдром кој доведува до парализа на мускулите. Поради тоа Табрес е принуден да користи патерица во текот на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…