Интересна ситуација беше забележана вчера на англиските терени…
Екипата на Вест Хем со вчерашната победа го елиминираше Тотенхем од Лига купот. Избраниците на Билиќ бурно ја прославија победата над градскиот ривал кој беше фаворит пред почетокот на натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капитенот на „чеканите“, Марк Нобл, после натпреварот го фрли дресот кон едно момче на трибините, но малку недостасуваше еден постар навивач да ја расипе радоста на младото момче.
Имено, тој тргна да го фаќа дресот, но неговиот обид беше неуспешен, тој падна помеѓу трибините, па дресот заврши во вистинските раце.
Погледнете како сето тоа изгледаше.
— Ali Tweedale (@alitweedale) October 25, 2017