Дома Тенис Урнебесен момент: Погледнете како Ѓоковиќ го имитира Кирјос 🎥

Урнебесен момент: Погледнете како Ѓоковиќ го имитира Кирјос 🎥

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ неодамна беше гостин во емисијата „Today Show“ каде што приреди свое шоу и го имитираше однесувањето на Ник Кирјос.

Со водителот Карл Стефановиќ разговараа на повеќе теми, една од нив беше Кирјос и неговите специфични интервјуа.

„Што и да е, не ми е гајле, не знам зошто сум тука, што се случува“, коментираше Ѓоковиќ обидувајќи се да го имитира Австралиецот.

Како што е познато во минатото Кирјос беше голем критичар на Ѓоковиќ, меѓутоа во времето на коронавирусот и пандемијата кога Новак поминуваше низ тешки моменти, тој стана еден од неговите најголеми поддржувачи и денес се добри пријатели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…