Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез како што стојат работите ќе напушти клубот во финишот од преодниот рок.
Како што пренесуваат медиумите од Островот, 27-годишниот универзалец е блиску до преселба во Кристал Палас. Гомез беше мета на Њукасл, но Кристал Палас се покажал како посериозен во преговорите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Арне Слот го изостави Гомез во претходниот натпревар со Брентфорд, а причина веројатно се токму преговорите со Палас.
Потенцијалното заминување на Гомез значи и дека Слот ќе мора да бара адекватно засилување во одбраната. Ливерпул во одбраната во овој момент ги има Ван Дајк, Конте и Куанс, па ќе биде потребна уште една резервна опција. Познато е дека Гомез можеше да ја покрива и бековската позиција.