Раководството на Рома е спремно да го продаде Џенгиз Ундер уште во јануари доколку добие понуда од 50 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Арсенал, клубовите од Манчестер и Барселона се силно заинтересирани за турскиот репрезентативец и се спремни да испратат понуда во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед во Ундер гледа идеална замена за Алексис Санчез кој може да си замине од „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.
Рома е спремна да го продаде младиот напаѓач со цел да добие нови приходи кои ќе ги инвестира за нови засилувања.
Според шпанските медиуми директорот на „волчицата“ ваќе нашол замена за Ундер, а станува збор за шпанскиот репрезентивец Икер Муниаин.
LATEST – The Corriere Dello Sport report Man United, Arsenal, Man City & Barcelona want Roma star Cengiz Under. They're 'ready to invest' £44m [€50m] in Jan. #MUFC want him to replace Sanchez
It is worth pointing out his representatives are negotiating an improved wage packet pic.twitter.com/Q9Y5vNHfWg
— Turkish Football (@Turkish_Futbol1) October 26, 2018