Дома Останати Тенис Украинска тенисерка победи Русика и одби да се ракува, прослави со солзи 🎥

Украинска тенисерка победи Русика и одби да се ракува, прослави со солзи 🎥

Украинската тенисерка Марта Костјук ја освои првата титула во Остин, откако славеше против Русинката Варвара Грачева со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 7-5.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Костјук одби да се поздрави со противничката по натпреварот, а потоа кажа дека го направила тоа во чест на жртвите во Украина.

„Ситуацијата е ужасна, јас сочувствувам со мојот народ и хероите на Украина. Ова е за сите кои се борат за мојата татковина“, кажа Украинката.

Костјук неодамна го критикуваше и Новак Ѓоковиќ, при што кажа дека била згрозена од некои негови коментари за кои смета дека се „про-руски“.

„Нема да играм натпревари против тенисерки од Русија и Белорусија. 95 отсто од нив ја поддржуваат инвазијата на Русија врз Украина, иако тоа се обидуваат да го скријат – сите тие се исти“, изјавил Марта минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…