Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА се огласи и откри дали финале во ЛШ ќе се игра во Абу Даби

УЕФА се огласи и откри дали финале во ЛШ ќе се игра во Абу Даби

Eвропската фудбалска асоцијација (УЕФА) демантираше дека некое од наредните финалиња во Лигата на шампионите ќе се играат во Абу Даби (ОАЕ).

Од УЕФА истакнаа дека медиумите кои ги пласираа тие информации шират лажни вести, а го посочија посебно шпанскиот „ОК Диарио“ кој прв ја објави информацијата дека и претходно објавувале нетоични информнации.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од Нион додаваат дека ова е пракса која станала вообичаена кога се ближи одлуката на Европскиот суд за формирањето на Суперлигата каде што најбогатите клубови се обидоа да направат свое натпреварување за повеќе пари.

Информациите претходно беа дека УЕФА за 2.4 милијарди долари се согласила едно од финалињата во Лигата на шампионите до 2030 година да се одигра во Абу Даби, како и натпревар од европскиот Суперкуп. Тоа сепак, веројатно нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…