Дома Фудбал УЕФА потврди: Пеналот на ПСЖ против Њукасл бил подарок!

УЕФА потврди: Пеналот на ПСЖ против Њукасл бил подарок!

Голема бура од реакции предизвика вчерашниот пенал на ПСЖ кој во гол го претвори Килијан Мбапе за 1:1 против Њукасл во 97. минута.

Од таборот на англискиот тим жестоко реагираа сметајќи дека пеналот е подарен. Главниот судија на теренот, Симон Марчињак во прв момент не досуди најстрога казна, но тоа го направи по прегледувањето на ВАР снимката.

Кај Њукасл најмногу реагираа затоа што топката претходно го погодува Ливерменто во телото, па потоа во раката.

Дел до медиумите денес пренесуваат дека УЕФА ја признала грешката и појаснила дека ако топката претходно била одбиена од телото на одбранбениот играч играњето со рака не може да се санкционира со најстрога казна.

Дека од Европската куќа на фудбалот ја потврдуваат грешката е што Квајтовски (вчерашниот ВАР судија) денес требаше да биде во ВАР собата на дуелот Реал Сосиедад – Салзбург, меѓутоа експресно бил сменет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…