Неверојатните резултати на годинешните квалификации за СП 2022 во женска конкуренција меѓу кои беше и победата на Англија со Летонија од 20:0, а тука беа и поразите на Македонија од Северна Ирска со 0:11 и 9:0 ја натераа УЕФА да размислува за промена.
Во последните три месеци дури 29 натпревари завршиле со седум или повеќе голови разлика и тоа само ја потврува големата разлика во квалитет помеѓу селекциите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нормално дека никој не сака да гледа такви резултати. Тие резултати не се добри за женскиот фудбал, како и за помалите така и за поголемите селекции. Сигурно ќе го смениме системот квалификации во 2023 година“, изјави Надин Каслер која е задолжена за женскиот фудбал во УЕФА.
Во шесте натпревари во квалификациите Македонија има една победа и пет порази со гол разлика од 6-38.