Дома Фудбал УЕФА не се прослави на ждребот: Јунајтед не беше ставен како опција за Атлетико

УЕФА не се прослави на ждребот: Јунајтед не беше ставен како опција за Атлетико

Денешната ждребка за Лигата на шампионите во Нион не помина без нерегулрности.

Прво Манчестер Јунајтед беше ставен како можен противник на Виљареал и Аршавин ги извлече токму „црвените ѓаволи“, а овие две екипи не може да играаат во осминафиналето затоа што беа заедно во групната фаза, па при новото влечење Виљареал го доби Сити.

Но, на социјалните мрежи се објавуваат видеа и се коментира за уште поголем кикс на УЕФА. Имено кога беше излвечен Атлетико Мадрид, Џорџо Маркети на помошникот му кажа дека Атлетико не може да игра со Ливерпул и Манчестер Јунајтед кој е извлечен, па затоа помошникот не зема топче со името на Јунајтед.

Сепак, не беше така, опција за Атлетико требаше да биде и Манчестер Јунајтед кој на крајот се извлече како последен и ќе игра со ПСЖ, додека Атлетико го доби Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…